сабота, 26 октомври 2024

Нетанјаху им порача на републиканските сенатори дека војната во Газа ќе продолжи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера на американските републикански сенатори им рече дека Израел ќе продолжи со напорите да ја победи палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа, им рекоа сенаторите на новинарите откако тој им се обратил на ручекот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе го направи тоа што рече дека ќе го направи. Ќе го заврши тоа“, изјави сенаторот Џим Риш, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека Нетанјаху се осврнал на цивилните жртви и на потребата да се испрати поголема помош во Газа.

Риш рече дека Нетанјаху „многу ги поддржува“ плановите за изградба на привремено пристаниште и доставување помош по морски пат.

Израелскиот лидер разговараше со републиканците преку видеоврска една недела откако лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер одржа говор во Сенатот во кој остро го критикуваше Нетанјаху како пречка за мирот и повика на нови избори во Израел, наведува агенцијата.

Вчерашниот собир ја покажа политизираноста на политиката на Вашингтон кон Израел.

Нетанјаху долго време се согласуваше со републиканците, кои го обвинија Шумер дека сака да го „собори“ израелскиот лидер.

„Побаравме… од него информации и добивме информации за војната, ослободувањето на заложниците и напорите да се порази Хамас. Му кажавме дека Израел има целосно право да се брани, а тој рече дека тоа е токму она што тие продолжуваат да го прават“, рече сенаторот Џон Барасо.

Демократските лидери се борат со поделбите во својата партија околу хуманитарната катастрофа во Газа пет месеци по војната, која почна со нападите на милитантите на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Портпаролот на Шумер рече дека му понудил на Нетанјаху да разговара и со демократите, но Шумер одбил, велејќи дека разговорите не треба да бидат партиски.

„Длабоко сум емотивен за Израел и неговата долгорочна иднина. Кога тоа прашање ќе го направите партиско, ја повредувате целта да му се помогне на Израел“, им рече Шумер на новинарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ