сабота, 19 октомври 2024

Нема реприза од Литванија: сепак ќе се вее најголемото македонско знаме

Објавено на

часот

Сподели

Тоа значи дека и државното знаме со големи димензии доволни за да покрие цела трибина ќе биде пуштено во салата. Ова го потврди координаторот на македонската репрезентација Драган Начевски, за време на саботниот тренинг на репрезентацијата, во пресрет на неделниот меч со Шведска.

Претходно беше објавено дека организаторот нема да дозволи преголеми знамиња на трибините, особено не знаме со димензии за да покрие трибина. Сите други забрани од претходно остануваат во сила. Ќе може да бидат внесени само три тапани и еден мегафон.

На кошаркарското ЕП во Литванија, во обид да го развеат знамето на трибините во салата во Каунас, македонските навивачи имаа тежок инцидент со литванската полиција. Оваа вест значи дека таков проблем нема да имаат нашите фанови што ќе бидат во салата „Чаир“ во Ниш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ