петок, 18 октомври 2024
Државен завод за ревизија

Нема доволно судии во Вишиот управен суд

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Виш управен суд Скопје за 2022 година. Утврдено е дека бројот на предмети во работа од 2020 година до 2022 се намалувал, а со тоа и бројот на нерешени предмети што е резултат на недоволниот број на судии кои заминале во панзија.

Објавено на

часот

Сподели

Ревизорите утврдиле дека за периодот од 2020 до 2022 година бројот на предмети во работа бележи тренд на опаѓање, а со тоа и бројот на нерешени предмети. Од Државниот завод за ревизија напоменуваат дека на состојбата на решавање на судските предмети може да има влијание престанокот на судиската функција на четворица судии во Виш управен суд Скопје по основ на исполнување на условот за старосна пензија од месец јули 2022 година.

„Судиската функција во текот на 2022 година ја вршат претседател и 13 судии до 30.06.2022 година, а до крајот на годината 9 судии и претседател. Но состојбата со број на судии во тек на вршење на ревизијата е намалена на 7 судии, а претседателот на Виш управен суд Скопје истечен е мандатот на 08.11.2023 година. Во насока на ажурно работење на судот, намалување бројот на нерешени предмети и навремено решавање на предметите, постои потреба за навремено пополнување на предвидениот број на судии во Вишот управен суд Скопје.

Со одредбите на член 108 од Законот за судовите е утврдено дека средствата за работа на судовите се обезбедуваат со Судскиот буџет, како посебен дел на Буџетот на државата, означен како „Судска власт“. Постапката за изготвување, утврдување и извршување на судскиот буџет е уредена со одредбите на Законот за судскиот буџет“, се вели во ревизорскиот извештај на ДЗР за работата на Вишиот управен суд за 2022 година.

Согласно Законот за судскиот буџет, делот на средствата за „Судска власт“ во Буџетот на државата се утврдува на износ најмалку 0,8% од бруто домашниот производ и во случај на ребаланс на Буџетот, утврдениот износ не може да се намалува.

Во 2022 година буџетот на „Судска власт“ е утврден во износ 2.342.277 илјади денари, што претставува околу 0,29% од бруто домашниот производ и значително е помал од законски утврдениот лимит.

Со извршениот увид во законската регулатива која го регулира работењето на
судовите и начинот на пресметка на платата на судиите, вработените во судската
служба и судската полиција, ревизијата утврди дека додатокот за работно искуство
се вреднува на различен начин при пресметка на платите на судиите и судските
службеници.

Со одредбите на Законот за платите на судиите, процентот на работното искуство се пресметува за секоја започната година на работен стаж, додека кај судските службеници согласно одредбите од Законот за судската служба, за секоја навршена година работен стаж.

Имајќи ги во предвид наведените одредби со кои се уредува начинот на вреднување
на додатокот за работно искуство, а кои предизвикуваат различно уредување на
исти права на вработените во иста институција, ревизијата смета за потребно
надлежните институции да преземат мерки и активности за усогласување на
Законите кои го регулираат ова прашање.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ