Како што информираат од јапонската aмбасада, амбасадорот на Јапонија вечерва во 20 часот во „Кинотека“ ќе го отвори седумнаесетото издание на Неделата на јапонски филм, а на отворањето ќе биде прикажано „Враќањето на Даимаџин“, култен јапонски филм од 60-те, „дел од триологијата што има огромно влијание на многу генерации на филмаџии, креатори на каиџу (чудовишта) филмски приказни.
Утре ќе се прикажува филмот „Train Brain Express“, на 27 ноемви „Уште не сосема мртов“, на 28 ноември „Браќата Мимија“ и на 29 ноември „Сто лаги“.
Во Центарот за култура Битола на 2 декември ќе се прикаже филмот „5 центиметри во секунда“, а на 3 декмври „Ветеното место во нашите рани денови“.
Останатите филмови од селекцијата за Кинотека се современи играни јапонски филмови, додека во Битола, двете проекции ќе понудат долгометражни современи јапонски анимации. Сите проекции се бесплатни.