петок, 18 октомври 2024
Извештај на директорот на Агенција за одземен имот

Небиу најави наддавање за имотот на Мијалков

Објавено на

часот

Сподели

Небиу вели дека веднаш ги презел потребните дејствија во врска со актуелни случаи на конфискација и дека ја има поддршката од министерот за правда за нивно што поскоро, не само обелоденување, туку и извршување.

Притоа тој ги наведува случаите на Сашо Мијалков од преметот „Империја“,  потоа за имотот од случајот „Труст“ („Трансмет“), како и многу стариот случај „Бачило“ во кој осуден беше  овчарот Иснифарис Џемаили.

„Конфискуваниот имот на Сашо Мијалков за кратко време ќе биде објавен на јавното електронско наддавање кое Агенцијата ќе го изработи согласно законот и по согласност на Владата“, вели Небиу.

„Империја“ беше истрагата на Специјалното јавно обвинителстево (СЈО) што најдолго траеше, но и која за Мијалков најбргу заврши бидејќи тој се спогоди со обвинителството за три години затворска казна и конфискација на имот во вредност од 30 милиони евра и 6,1 милион за уделот во хотел Мериот, како и исплата за куќата во која живее. Можната затворска казна за делото изнесува 10 години, а тој од спогодените три веќе имаше одлежано дел во притвор и куќен притвор.

Конфискацијата на неговиот имот дотогаш бил најобемниот предмет на Агенцијата за управување со одземен имот.

дк

На Мијалков му се конфискувани вкупно над 30 илјади квадратни метри недвижен имот, од кои, 2.200 квадрати во станови и апартмани, над 1.300 квадрати во деловен простор, над 20 илјади квадрати земјиште…, односно станови, делвни и помошни простории, гаражи, земјиште во Скопје, Охрид, Гевгелија и во Кавадарци.

Што се однесува до целиот случај „Империја“; вина призна и бизнисменот Јордан Камчев со што беше осуден на  една година затвор, а во државниот буџет врати нешто над 5,2 милиони евра.  

Случајот „Империја“поранешното СЈО го отвори во 2018 година за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. Покрај Камчев и Мијалков како првоосомничени, во истрагата беа опфатени уште 11 други лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ