вторник, 22 октомври 2024
Разрешениот директор на Кардиохирургија за МКД.мк

Не е прифатлива понудата од министерот Меџити да бидам советник, реагира проф. д-р Јовев

Објавено на

часот

Сподели

Во разговор за МКД.мк проф.д-р Сашко Јовев, кого министерот го разреши од функцијата директор на Државна кардиохирургија, рече дека Меџити воопшто не разговарал со него за да му даде таква понуда, туку за тоа слушнал од медиумите.

„Како и да е, Меџити не разговарал со мене, но понудата е неприфатлива. Прифатливо е само да се промени неговата одлука за мое разрешување“, ни изјави д-р Јовев.

Кардиохирургот проф. д-р Јовев, вчера одржа прес-конференција пред влезот на Државна кардиохирургија поддржан од вработените и од десетици пациенти кои дадоа изјави за медиумите дека со својата стручност и лекарска грижа Јовев им го спасил животот. Тој на новинарите им изјави дека не е партиски кадар и побара политиката да се држи понастрана од професиите. Неговиот адвокат изјави дека во решението за разрешување е наведена само една, и тоа како што нагласи, нелогична причина, неодобрени дежурства за два месеци од времето на минстерувањето на Беким Сали при што нагласи, дека во една уставова каква што е Кардиохирургија, незамисливо е да нема дежурства.

Проф. д-р Јовев дообјасни дека секогаш е така – дежурства се најавуваат до министерот, тој потоа одобрува, некогаш тој процес во правец кон клиниката подзадоцнува, но секако дека тоа потоа се доведува во ред, бидејќи дежурствата се неопходни и тие се подразбираат.

Инаку, под раководство на проф, д-р Јовев, Македонија се запиша на мапата на земји во светот каде се вршат успешни трансплантации на срце. Под негово раководство се извршени од првата до последната, осмата трансплантација. Во Државна кардиохирургија се лекуваат и најтешките срцево болни пациенти и таа, како што нагласи Јовев, за осумте години под негово раководство стана ултрамодерен и признат центар во регионот.

Пред неколку денови Јовев отвори и хибридна сала во склоп на Кардиохирургија која ќе значи дека и најсериозните интервенции ќе се извршуваат во земјава. На отворањето не дојде министерот, а сомневањата на тимот на Државна кардиохирургија се дека министерот е навреден што прв (пред премиерот) не бил консултиран за датумот на свеченото отворање.

                                                                                                                                    П.Џ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ