петок, 29 ноември 2024

Навредувал и кршел во општината во Врапчиште полицијата веднаш го уапсила

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР Тетово информираат дека претпладнево околу 10:15 часот полициски службеници го лишиле од слобода Б.Т.(48) од село Неготино, полошко. Тој десетина минути пред тоа бил пријавен дека агресивно се однесувал во објект на општина Врапчиште во село Неготино, во кој бил сместен секторот за урбанизам. 

„Според пријавеното, тој во една просторија ги заклучил вработените и го оштетил инвентарот и опремата во другите канцеларии на објектот. Набргу потоа, со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени три парчиња огнено оружје ( две ловечки пушки и пиштол) за кои поседувал соодветни дозволи“, наведуваат од СВР Тетово.

 Б.Т. е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ