вторник, 22 октомври 2024

НАТО: Експлозијата на браната во Украина ја покажува бруталноста на руската војна

Објавено на

часот

Сподели

„Уништувањето на браната Каховка денеска доведува во опасност илјадници цивили и предизвикува голема штета на животната средина“, напиша Столтенберг во објава на Твитер. „Ова е невиден чин, кој уште еднаш ја покажува бруталноста на руската војна во Украина.“

Висок украински безбедносен функционер рече дека уништувањето на браната е нова фаза на руската агресија.

Олексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, рече дека Русија преминала од обидот да ја оправда својата инвазија на Украина со, како што ги нарече пропагандни митови, на отворено објавување на своите вистински цели – „да се уништи Украина, да се убијат Украинците, да се уништи економијата“ и цивилните „структури за одржување на животот“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили однатре ја разнеле хидроцентралата Каховка. „Руски терористи ноќеска во 2:50 часот извршија внатрешна детонација на објектите на ХЕ Каховска. Околу 80 населени места се во зоната на поплави“, напиша тој на Телеграм.

Уништувањето на браната не претставува директна закана за снабдувањето со електрична енергија на земјата, соопшти украинското Министерство за енергетика. „Експлозијата… не влијаеше директно на состојбата на енергетскиот систем на земјата. Нема закана за стабилноста на снабдувањето со електрична енергија“, се вели во соопштението. Произведената електрична енергија е доволна за потребите на потрошувачите.

Руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на локалните проруски власти, објави дека откако беше пробиена градската брана, прогласена е вонредна состојба во областа Новаја Каховка, дел од украинската провинција Херсон, која е под руска контрола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ