петок, 1 ноември 2024

НАТО: Бунтот на Вагнер ја покажа најголемата стратегиска грешка на Русија во војната во Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Настаните од викендот се внатрешно руско прашање и уште една демонстрација на голема стратегиска грешка што претседателот (Владимир) Путин ја направи со неговата незаконска анексија на Крим и со војната против Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Вилнус, главниот град на Литванија, пренесе Ројтерс.

Столтенберг рече дека НАТО ја следи ситуацијата во Белорусија и уште еднаш ја осуди најавата на Москва за распоредување нуклеарно оружје во таа земја.

„Не гледаме индикации дека Русија се подготвува да користи нуклеарно оружје, но НАТО останува буден“, рече Столтенберг, додавајќи дека одвраќањето на НАТО е доволно силно да ги заштити своите луѓе во овој сѐ „поопасен свет“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ