Најдобрата македонска фудбалерка веднаш се наметна во Саудиска Арабија. Андонова ја доби и капитенската лента во новиот клуб, а уште на првиот меч покажа дека ништо не е случајно.
Првиот погодок во саудискиот фудбал Андонова го даде со глава по нафрлување во шеснаесетникот.
Од друга страна, вториот беше вистинско ремек-дело во нејзин стил. Андонова изведе слободен удар од околу 30 метри, биеше преку живиот ѕид и погоди во подалечниот агол, неодбранливо за домашната голманка.
View this post on Instagram