Експертската работна група, како што информираа од Министерството за правда ќе ја сочинуваат Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја.
Членови во работната група за уставни измени од партиите кои го прифатија повикот за учество, се Цветанка Иванова од СДСМ, Арбер Адеми од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партијата на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партијата за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократската партија на Турците.
Опозициските ВМРО-ДЛМНЕ и Левица не предложија свои членови. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска повтори дека за неговата партија тоа прашање е затворено зашто, како што рече, уставни измени нема да има.
Александар Спасов е член на предлог на Кабинетот на претседателот на Македонија, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања и Шпенд Садики од Министерството за надворешни работи.
Списокот на работната група очекуваат во Министерството за правда да се дополнува во наредниот период и со други членови.
За отварање на Уставот неопходно е во Парламентот да гласаат најмалку 80 пратеници.