вторник, 5 ноември 2024

Ѓорѓиевски: Во ЗЕЛС сите општини се третираат еднакво

Сите општини се третираат еднакво без да се дозволи политичко мешање во нивното функционирање, ијзави вечерва претседателот на Заедницата на локални самоуправи (ЗЕЛС) и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓеорѓиевски.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„ЗЕЛС останува партнер на сите општини и тоа е мостот меѓу локалната и централната власт. Со подадена рака може да ги надминеме сите проблеми. Вчера седнавме на маса заедно со моите потпретседатели Перо Костадинов од СДСМ и Висар Ганиу од Вреди, со градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски за проблемите кои ги има и понудивме медијаторство за надминување на проблемите. Ме радува изјавата на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов дека останува да членува во ЗЕЛС затоа што обединети општини можат да придонесат значително повеќе во соработката со било која централна власт“, изјави Ѓорѓиевски во дебатата со струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов на Телма.

Костадинов истакна дека ја цени посветеноста на ЗЕЛС за решавање на проблемите, затоа што секој проблем е решлив како и оној со водата во Струмица, посочувајќи дека напуштањето на ЗЕЛС е невозможно, поради потребното гласање во локалниот совет, а и поради користењето на апликациите и електронските системи на ЗЕЛС во делот на издавање градежни дозволи и продажба на земјиште.

„Мојата цел не е да го напуштам ЗЕЛС од што сакам да го напуштам или да алудирам на некаква непочит кон колегата Ѓорѓиевски или било кој друг градоначалник. Алармот за проблемот со водата за пиење е вклучен за да пристапат централните органи за надминување на состојбата“, изјави Костадинов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ