„Мораме да претпоставиме дека нападот врз израелскиот генерален конзулат можеби бил планиран утрово“, рече Херман. Како што пренесува Билд, станува збор за Емрах И.(18), роден во Австрија, по потекло од Босна и Херцеговина.
Во 2023 година било пријавено дека е член на терористичка организација и дека ширел пропаганда на Исламската држава. Австриските власти на неговиот мобилен телефон пронашле исламистичка пропаганда, а при нападот освен огнено оружје имал и бајонет.
Херман додаде дека напаѓачот испукал серија истрели, по што припадниците на безбедносните сили возвратиле и го убиле.
Според него, осомничениот со автомобил се упатил кон Центарот за документација на националсоцијализмот, отворен во 2015 година, носејќи долг пиштол и потоа пукал во блиската полициска станица.
Во акцијата учествувале пет полицајци, изјави портпаролот на безбедносните сили.
Над местото на настанот кружи хеликоптер во обид да го држи инцидентот под контрола. Полицијата апелира до граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот додека трае операцијата.