среда, 27 ноември 2024

Нападната зградата на украинскиот парламент

Остатоци од собореното беспилотно летало се пронајдени веднаш до зградата на украинскиот парламент во Киев по руски воздушен напад во текот на ноќта, се вели во соопштението на парламентот на мрежата Телеграм.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„По нападот на руските беспилотни летала во текот на ноќта, во близина на зградата на Врховната рада на Украина беа откриени остатоци од соборен дрон“, соопштија од Врховниот совет.

Се наведува и дека не е причинета штета.

Воздухопловните сили на апликацијата Телеграм објавија дека единиците за противвоздушна одбрана се распоредени во 11 региони низ Украина, пренесува Ројтерс.

Како што се додава, беспилотните летала „шахед“ биле лансирани од два погранични региони во Русија, како и од полуостровот Крим.

Дописниците на Ројтерс во Киев слушнале серија експлозии веднаш по 3 часот по полноќ, од кои некои дошле од правец на центарот на градот.

Од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година, Москва лансираше илјадници ракети со долг дострел и беспилотни летала во Украина, според британската агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ