Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека целта биле делови од градот во близина на центарот, пренесува Униан.
Шефот на градската администрација Серхи Попко изјави дека нападот со беспилотни летала врз Киев бил извршен во неколку бранови и од различни правци. Попко изјавил дека никој во градот не бил повреден од деловите од соборените беспилотни летала, пренесува Украинска правда.
Според него, ова е шести воздушен напад на Киев од почетокот на месецот. Попко поради засилувањето на руските напади врз главниот град на Украина ги замоли граѓаните да не ги игнорираат предупредувањата и да ги почитуваат правилата за безбедност.
Во повеќе области во Украина синоќа беше на сила воздушна закана.