сабота, 19 октомври 2024

Наместо 18, осум години затвор за велешанецот што усмрти 11 годишно девојче и тешко ја повреди нејзината мајка

Објавено на

часот

Сподели

Јавната седница била одржана на 3 јули годинава, а одлуката била донесена на 10 јули и ќе биде објавена откако ќе биде анонимизирана, информираа од Апелациониот суд Скопје.

„Одлуката има два дела, пресуда и решение. Пресудата се однесува на првостепената пресуда, која е преиначена само во делот за кривичната санкција и е осуден на единствена казна затвор од осум години, во која му се засметува и времето поминато во притвор од 19 декември 2022, до започнување со издржување на казната затвор. Во останатиот дел пресудата се потврдува. Вториот дел е решение, што се однесува на одбиена жалба против мерката притвор“, информираа од Апелација. 

Првостепената пресуда беше изречена во Основен суд Велес од петчлениот Кривичен совет, со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова, во март годинава.

На Николов му се судеше за две кривични дела тешки дела против безбедноста на луѓето и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода за  сообраќајката на 17 декември минатата година во вечерните часови на пешачки премин близу Основното училиште „Васил Главинов“ во Велес. Николов по несреќата побегна од местото на несреќата и два дена се криеше од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ