четврток, 24 октомври 2024

Намалена видливост поради магла до 60 метри во Демир Капија

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 60 метри има во Демир Капија, информираа од АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од ЈП Македонија Пат соопштија дека е е можна појава на поситни одрони на усеците и клисурите, кои редовно се чистат.

Дежурните екипи на Македонија Пат, соопштија, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ