петок, 18 октомври 2024

Најмилите кучиња на светот

Објавено на

часот

Сподели

Две раси кучиња беа најбарани во текот на минатата година, а остануваат на првото место на најмили и во годинава што е пред нас. Засега се нема појавено послатко галениче, кој би можел да ја засени нивната неверојатна милина, иако секој што си чува куче ќе каже дека неговото е најмило.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=Hr8gU7yOuBQ]

Првото се вика Бу (Boo), очајно сака да остави впечаток на добар телохранител, ама е смешно до солзи. Кога ќе го видите, не ви е јасно дали се работи за играчка или за живо суштество. Толку е мило што ги омекнува и најтврдите срца. Бу има и своја фејсбук-страница со огромен број фанови. (http://www.facebook.com/Boo)

Второто е јапонската акита ину, за многумина позната како Хачико или накусо само Хачи, по филмот снимен за него во кој главната улога (освен Хачи) ја има Ричард Гир.

 

Акити од неодамна има и во Македонија. Со оглед на тоа дека се смета за кралско куче во јапонската традиција, и цената му е „кралска“, а богами и тешко се наоѓа да се купи. Прв сопственик на акита кај нас беше бизнисменот Ристо Гуштеров, а по него со вакво куче шета и градоначалникот Стевче Јакимовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ