Жртвите се 15-годишно момче од Јужна Каролина кое загинало кога дрво паднало врз него додека излегувало од својот автомобил и 28-годишен маж во Алабама кој бил погоден од гром, пренесува Гласот на Америка.
Предупредувањата за торнадо беа во сила во 10 сојузни држави од Тенеси до Њујорк, а американската метеоролошка служба соопшти дека предупредувањето опфаќа 29,5 милиони луѓе.
До синоќа беа откажани над 2.600 летови, а речиси 7.900 биле одложени, покажуваат податоците на веб-страницата Флајтавер.
2023 has been an active year for supercells & tornadoes in the USA. @JustonStrmRider & I have documented at least 51 twisters in 2023. This tops the ~46 twisters we witnessed in 2011. Grateful to still be following our passion of chasing storms! pic.twitter.com/JGW2jaIlBc
— Simon Brewer (@SimonStormRider) August 8, 2023
Во Мериленд, метеоролошката служба издаде предупредување за поројни поплави за денеска.
#BREAKING #USA Eastern USA: The storms’ spread was massive, with tornado watches and warnings posted across 10 states from Tennessee to New York. A 15-year-old boy died in South Carolina after a tree fell on him during the storm while a 28-year-old man was struck by lightning and… pic.twitter.com/FCom0h0PXZ
— National Independent (@NationalIndNews) August 8, 2023
Во неколку држави паднаа дрвја и далноводи, а разнесени се цели покриви на куќи, пишуваат медиумите.