среда, 27 ноември 2024

Најмалку 15 загинати во експлозија во индиска фабрика за лекови (ВИДЕО)

Најмалку 15 лица загинаа, а речиси 40 се повредени во средата во експлозија во фармацевтска фабрика во јужната индиска држава Андра Прадеш, изјави претставник на окружната влада.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Засега се познати 15 жртви, веројатно бројот ќе се зголеми. Речиси 40 лица се повредени. Спасувачките операции се во тек“, изјави за Ројтерс началникот на окружната полиција Дипика.

Пожарот избувна во попладневните часови во приватната производствена единица на фабриката Есциентиа Адванс Сајнс, која работи од 2019 година, во областа Анакапали во државата, изјави локалниот претставник Виџаја Кришнан.

„Повредените се пренесени во блиските болници… се чини дека имало експлозија во хемиски реактор“, изјавија за Ројтерс од канцеларијата на Кришнан, додавајќи дека експлозијата се случила за време на ручек во единицата.

Федералната влада нареди истрага за инцидентот.

Минатата година две лица загинаа, пет беа повредени во истиот округ, во пожар предизвикан од слична несреќа што избувна во реакторот Сахити Фарма.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ