сабота, 26 октомври 2024

Најголем руски напад врз украинскиот енергетски сектор во последно време

Украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко изјави дека синоќа руските сили го извршиле најголемиот напад врз украинскиот енергетски сектор во последно време.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Галушченко рече дека целта на Русија не е само да го оштети енергетскиот систем на Украина, туку повторно да се обиде, како и минатата година, да предизвика дефект во работењето на енергетскиот систем од големи размери, пренесува Униан.

„За жал, има удари и оштетувања на производствените капацитети, системите за пренос и дистрибуција во неколку области. Покрај тоа, поради гранатирање, еден од далноводите што ја снабдува нуклеарната централа Запорожје е без струја“, напиша тој на Фејсбук.

Тој изјави дека во некои области има прекини на струја и дека инженерите веќе работат на враќање на струјата.

Руските сили синоќа изведоа масовни воздушни напади врз неколку области во Украина, а цел беа областите Запорожје, Харков, Лавов и Дњепропетровск, како и Кривји Рих, пренесоа украинските медиуми.

Регионалните власти соопштија дека во руските напади се оштетени објекти на енергетската инфраструктура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ