Струмичкиот градоначалник наградата ја доби за особена заслуга во трансформацијата на градови и добро менаџирање.
„ Да се биде меѓу најдобрите е за мене голема чест и признание, но и огромна обврска да продолжам да ја задржам оваа динамика. Моето ветување дека Струмица ќе биде меѓународно афирмирана и признаена, е реализирано. Продолжувам со истата ревност, во име на мојата Струмица и од срце“, објави Костадинов на својот фејсбук-профил.
Одлуката за наградата на Костадинов му беше соопштена на 5 февруари годинава од страна на амбасадорот Јордан Плевнеш за време на посетата на Струмица.