недела, 20 октомври 2024

Надал поради повреда го откажа учеството на Австралија опен

Рафаел Надал потврди дека поради повреда нема да може да настапи на првиот грен-слем турнир оваа сезона, Австралија опен.

Објавено на

часот

Сподели

Фановите на Надал со нетрпение го очекуваа враќањето на Шпанецот на терените, осебно на неговиот настап на Австралија опен, сепак тој нема да се случи.

Рафаел Надал објави дека има повреда која не е страшна, но поради неа не може да го издржи напорот на меч во пет сета и нема да настапи на престојниот грен слем турнир.

„Здраво на сите, за време на мојот последен меч во Брисбејн имав мал проблем со мускул кој како што знаете ме загрижи. Кога дојдов во Мелбурн имав шанса да направам магнетна резонанца и имам микро кинење на мускулот, не е истиот дел каде што бев повреден и тоа се добри вести. Сега не сум подготвен да се натпреварувам на максимално ниво на мечеви во пет сета. Летам назад во Шпанија да го видам мојот доктор, да добијам некој третман и да се одморам“, напиша Надал на социјалните мрежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ