петок, 18 октомври 2024
Олимписки игри Париз

Надал остана во игра за медал, со Алакраз се намачија против Грикспор и Колхоф

Рафаел Надал и Карлос Алкарас успеаја да се пласираат во четвртфинале на Олимписките игри во Париз, попладнево славеа против холандскиот пар Грикспор и Колхоф.

Објавено на

часот

Сподели

Рафаел Надал по поразот од Новак Ѓоковиќ, шанса за олимписки медал ќе брка во двојки, и вечерва со Карлос Алкарас обезбедија пласман во четвртфинале.

За разлика од првото коло, сега мораа добро да се испотат против холандскиот пар Грикспор и Колхоф.

Надал и Алкараз го освоија првиот сет со 6-4, но во вториот сет, по борба долга повеќе од еден час, Грикспор и Колхоф славеа со 7-6 и изедначија на 1-1.

Сепак, во одлучвачкиот тај-брејк сет, Надал и Алкараз покажаа моќ со 10-2 за конечна победа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ