недела, 8 септември 2024

Надал и Алкараз тргнаа со победа на Олимписките игри

Најатрактивната двојка, Карлос Алкараз и Рафаел Надал победија на стартот од Олимписките игри откако ги совладаа Аргентинците, Максим Гонзалес и Андрес Молтени со 2-0 (7-6, 6-4) во сетови.

Објавено на

часот

Сподели

Трибините на „Филип Шатрие“ беа полни, сите сакаа да ги видат двајцата шпански тенисери како играат во двојки. Победија во два сета, но не им беше лесно.

Првиот сет го добија во тај-брејк откако ја искористија третата сет топка. Во вториот сет, Аргентинците се обидоа да возвратат, поведоа со 3-0, но Алкараз и Надал одговорија со 6-1 и дојдоа до победата.

Во осминафиналето, Шпанците ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Фучович и Марожан од Унгарија и Грикспор и Колхоф од Холандија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ