петок, 18 октомври 2024

Надал и Алкараз го завршија настапот во двојки

Рафаел Надал и Карлос Алкараз до осминафиналето стигнаа на Олимписките игри во двојки, таму беа поразени во два сета од Американците, Крајчек и Рем.

Објавено на

часот

Сподели

Големите шпански ѕвезди, едната на залезот од кариерата, а другата во надоаѓање, Рафаел Надал и Карлос Алкараз, не успеаа да се пласираат во четвртфиналето во игра на двојки.

Подобри од нив беа Американците, Крајчек и Рем кој го добија дуелот релативно лесно со 6-2 и 6-4.

Претходно Рафаел Надал загуби и во сингл конкуренција од Новак Ѓоковиќ, за разлика од него Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето откако го совлада Сафиулин со 6-4 и 6-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ