сабота, 28 септември 2024
Со емотивно писмо се прости од Реал Мадрид

Начо: Пристигнав кога имав 10 години, чест ми е што заминувам како капитен!

Начо попладнево соошти дека става крај на кариерата во Реал Мадрид, дефанзивецот заминува од „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 25 години поминати во клубот.

Објавено на

часот

Сподели

Начо имаше понуда од Реал Мадрид за нова едногодишна соработка, но Шпанецот реши да одбере авантура во Саудиска Арабија каде за две години ќе заработи околу 20 милиони евра.

Попладнево, дефанзивецот со емотивно писмо се прости од навивачите и сите во клубот.

„Драги Мадридисти, сакам да ви посветам неколку зборови, да кажам како се чувствувам во овој момент. Му кажувам збогум на клубот на мојот живот, Реал Мадрид. Пристигнав кога имав 10 години, се оформив како играч и човек, научив да победувам и да губам, да се борам и да страдам, да уживам, и секогаш да живеам со ентузијазам и одлучност. Доаѓав да тренирам секој ден на истото место речиси 25 години, ги научив вредностите на Реал Мадрид, го оставив срцето на терен за боите на дресот, за клубот кој ми даде се“ – вели Начо.

„Заминувам со чиста совест, знам дека секогаш го давав најдоброто од себе за Реал Мадрид. Кога бев дете, сонував да играм на Сантијаго Бернабеу и денеска имам чест да ставам крај на кариерата како капитенот кој го подигна трофејот број 15 во Лигата на шампиони“.

„Сакав мојот крај во Реал Мадрид да биде убав и да се збогувам кога сум на врвот, и невозможно е да имам подобра прилика од оваа“.

„Со месеци размислував, бев неодлучен и имав многу сомнежи, но денеска ви се обраќам да ви кажам дека потребно ми е едно последно различно искуство со моето семејство, и ова е перфектен момент за тоа“.

Тој потoа му се заблагодари на претседателот Флорентино Перез, тренерот Карло Анчелоти, соиграчите и сите вработени во клубот. Не ги заборави и родителите, сопругата, децата, семејството и пријателите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ