петок, 18 октомври 2024

На владините агенции на САД им е забрането да влијаат на социјалните мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Ројтерс пренесува дека забраната следи како одговор на тужба на републикански државни обвинители во Луизијана и Мисури, кои тврдат дека функционери на американската влада „отишле предалеку“ во обидите да ги поттикнат социјалните мрежи да се „позанимаваат со постови“, за кои администрацијата сметала дека можеле да придонесат до колебање во врска со вакцинацијата за време на пандемијата на ковид-19 или да ги поништат изборите.

Во пресудата се наведува дека владини тела како министерството за здравство и Федералното истражно биро (ФБИ) не можат да разговараат со претставници на социјалните мрежи „за охрабрување, притисок или поттикнување на кој било начин на отстранување, бришење, сузбивање или намалување на содржините заштитени со слободата на говорот“, според клаузулата за слободата на говорот на Првиот амандман на уставот на САД.

Ројтерс истакнува дека ваквата одлука на судот означува „победа на републиканците“ кои ја тужеле администрацијата на Бајден, тврдејќи дека ја користи здравствената криза предизвикана од пандемијата на ковид и заканата со дезинформации како изговор да ги зауздаат ставовите кои ѝ противречат на владата.

Американските функционери наведоа дека целта им е сузбивање на дезинформациите за вакцините против ковид-19 за да се спречат повеќе жртви меѓу заболените.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ