четврток, 24 октомври 2024

На Шапка приведен дровкрадец

Синоќа на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка при СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.А.(43) од село Шипковица, тетовско. При преглед во патничко возило марка фолксваген голф караван со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва за кои не поседувал документација и за кои постоои сомнение дека потекнуваат од кривично дело кражба, соопшти СВР Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

„Дрвата и возилото биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во Поолициската станица Тетово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ