вторник, 26 ноември 2024
Срамен чин на Додик

На одбележувањето на годишнината од акцијата Олуја злоупотребена е фотографија од Бошњаците протерани од Жепа (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Една од жените на фотографијата држи тримесечно бебе во рацете, а автентичноста на фотографијата за регионалната телевизија Н1 ја потврдила Нермина Мујкиќ – Гушо, девојчето кое го држела нејзината мајка за време на евакуацијата.

„Апсолутно потврдувам дека на фотографијата се гледаме јас и мајка ми во 1995 година за време на евакуацијата од Жепа во Сараево“, изјави Нермина.

Таа тогаш имала три месеци и до неа бил нејзиниот брат, додека другиот брат бил во камионот, бидејќи бил ранет и е 100% инвалид.

„Сега нѐ покажаа дека сме биле во операцијата Олуја – злобната олуја ја направија тие што зборуваа за тоа, но не во Приедор туку во Жепа и Сребреница“, нагласи Нермина Мујкиќ-Гушо.

Додик фотографијата ја објави и на својот официјален профил на Твитер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ