петок, 18 октомври 2024

На Јанакиески му е пресметан притворот за конкретното дело како што е според закон, велат од Кривичен суд

Објавено на

часот

Сподели

„Во донесената пресуда врз основа на признание на вина со КОК. бр. 7/18 како и во решение на Апелациониот суд – Скопје со кое се потврдува првостепената пресуда, но и во наредбата за спровод од судијата за извршување санкции е наведено дека во досудената казна затвор СЕ ЗАСМЕТУВА времето поминато во притвор односно од 14.11.2018 година до 26.02.2019 година како и времето поминато во куќен притвор сметано од 28.02.2022 година до започнување со издржување на казната затвор на 06.07.2023 година, односно околу една година и девет месеци. Што значи дека во пресудата веќе е пресметан притворот и куќниот притвор за конкретниот предмет, а согласно и со коментарот на Кривичниот законик на академик Владо Камбовски (стр. 485 и 486): Поимот на секое лишување од слобода го опфаќа и притворот, како и казната или мерката на безбедност што се состои во лишување од слобода за истото дело, издржана во странство….(чл. 121)…. ….Во сите случаи е потребно притворот и издржаната казна или мерка за безбедност да се во врска со казненото дело за кое на сторителот му е изречена казна“, се вели во соопштението од Кривичен суд.

Што се однесува до барањето за Вонредно преиспитување на пресудата, истото, како што посочуваат од Основниот кривичен суд Скопје, по истекот на сите законски утврдени рокови за достава на пресудата до останатите обвинети за кои Второстепениот суд ја потврди пресудата донесена врз основа на признание на вина, ќе биде комплетиран и доставен во Врховниот суд како надлежен суд за одлучување по барањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ