недела, 14 јули 2024
За минималната синдикална кошничка според ССМ

На едно четиричлено семејство во мај му биле неопходни 49.000 денари за живот

Објавено на

часот

Сподели

Од нив, како што велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), 19.532,54 денари или 44,34 отсто биле потребни за исхрана и пијалаци, 13.392,85, односно 30,41 отсто отсто за домување, 3.196,9  денари за хигиена, 3.720,1 за превоз, 2.315,759 за облека и обувки, 1.067,86 за култура и 821,47 денари за одржување на здравје, или вкупно 44.047,52 денари.

„Кога на нив ќе се додадат 4.977,37 денари или 11,3 отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49.024,89 денари“, прецизираат од ССМ.

Нагласуваат дека просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ