четврток, 18 јули 2024

МЗ: Косовските граѓани здравствените услуги во Македонија ќе ги плаќаат како и македонските

Објавено на

часот

Сподели

Фатмир Меџити, министерот за здравство, најави дека ќе побара билатерална соработка и со Србија и Грција. Целта е граѓаните на овие земји да се третираат еднакво за здравствените услуги и да плаќаат колку и македонските државјани.

„Косовските граѓани плаќаа двојни цени и тоа само во јавното здравство, а не во приватното. Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата, бидејќи всушност не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот регион“, вели Фатмир Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ