вторник, 16 јули 2024

МЗ го дообјаснува министерот, цените за приватно лекување во јавното здравство ќе бидет еднакви

Објавено на

часот

Сподели

Од таму велат дека станува збор за корекција на ценовникот за давање на здравствени услуги на странци до сите универзитетски клиники и институти до кој е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги за странците со оние за македонските граѓани.

За овие промени не требаше никакви промени во Законот и дел од клиниките и институтите веќе имаа изедначени ценовници, односно еден ценовник за приватни здравствени услуги. Со оваа промена, на странските државјани им даваме право на избор помеѓу јавните и приватните установи, со тоа што го промовираме јавното здравство како една достапна ефикасна здравствена услуга во нашата држава, конкурентна на пазарот на трудот, појаснуваат од Министерството за здравство, од каде што додаваат дека на таков договор се работи и со Грција.

Денеска министерот Фатмир Меџити предизвика негативни реакции во јавноста со изјавата дека е донесена наредба косовските и албанските државјани да се лекуваат под исти услови како и Македонците, што беше разбрано како бесплатна услуга.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ