петок, 18 октомври 2024

МВР приведе тројца кочанчани по страотната тепачка во Штип

Синоќа во 5:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле И.М.(27), И.Т.(20) и Н.Т.(22), сите од Кочани, затоа што околу 3:40 часот пред угостителски објект во Штип заедно со С.М.(34) од Штип го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со А.С., М.П. и Д.Р., при што биле употребени тврди и остри предмети, информираа од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„С.М. бил повикан на службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се наведува во билтенот на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ