вторник, 22 октомври 2024

МВР истакнува дека е пофалено од германската БКА за „импресивно брзо пронаоѓање на криминалец“

Германската федерална канцеларија за борба против криминалот (БКА) упати писмо со благодарност до Бирото за јавна безбедност на нашата земја по повод минатомесечното брзо пронаоѓање и лишување од слобода на германскиот државјанин П.Д.Р. (36), информираат од МВР и нагласуваат дека во писмото се наведува дека станува збор за сјаен пример за успешна меѓународна полициска соработка во потрага од особено значење“ и дека македонските власти „во импресивно кус временски период“ го пронашле бараното лице осудено на затвор и обвинето за транспорт и продажба на дрога.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се вели:

„На 23.11.2023 околу 18:00 часот на ул.Руди Чаевац во Скопје од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги, во рамки на оперативната акција Жетва, од слобода беше лишен П.Д.Р. од Визбаден, Германија, кој бил баран по меѓународна потерница за недозволена трговија со дрога. Приведеното лице е соучесник во група која транспортирала наркотични дроги од Шпанија во Германија, со цел нејзино препродавање, а воедно веќе било осудено на затворска казна од три и пол години.

Според германската БКА, ова е сјаен пример за успешна меѓународна полициска соработка во потрага од особено значење, за што се заслужни полициските службеници од МВР – Биро за јавна безбедност – Сектор за меѓународна полициска соработка кои ‘во импресивно кус временски период’ го пронашле бараното лице, при што е истакната координативната улога на Отсекот за меѓународна потрага по лица (FAST MKD), „без кој овој успех не би бил возможен“.    

Ова е уште еден показател дека борбата против целокупните современи глобални предизвици бара глобален и регионален пристап, активна оперативна соработка и заедничките стратегии во делувањето, но и признание за посветеноста на македонската полиција и подготвеноста за активна глобална полициска соработка, континуирана размена на идеи, оперативни податоци и заеднички активности чија цел е глобална безбедност“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ