недела, 27 октомври 2024

МВР ги фати разбојниците што синоќа ограбија обложувалница во Шутка

Полицијата утрово уапси тројца скопјани осомничени дека синоќа околу 22:25 часот извршиле разбојништво во спортска обложувалница во Шуто Оризари.

Објавено на

часот

Сподели

Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, со закана кон вработената во обложувалницата тие oдзеле пари од касата.

„При претрес во домот на М.Д.,  извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело“, информира МВР. 

По целосно документирање на случајот, МВР до ОЈО Скопје ќе поднесе соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ