Жозе Мурињо уште не донел одлука дали ќе остане во Рома или ќе замине во клуб со подобри финансиски услови. Тоа ќе се знае по состанокот со сопствениците на волчицата.
Според „Кориере дело Спорт“, претседателот на Рома, Дан Фриедкин бил во Тригорија (тренинг центарот на Рома), кратко се сретнал со Мурињо и закажале состанок по кој ќе биде одлучено што понатаму.
Мурињо минатото лето имаше само седум милиони евра трансфер буџет, Португалецот не сака тоа да се повтори, па неговото останување зависи од неколку фактори.
Пред се од финансиите, Мурињо сака да има поширок состав на квалитетни фудбалери со цел да може да биде конкурентен и во домашното првенство и во Европа.
Португалецот бара и посилна јавна поддршка од клубот кога тој и неговите соиграчи се во неволја и кога има судиски неправди на нивните натпревари.
Иднината на Мурињо е нејасна, а по состанокот се можни сите три сценарија. Тој да си замине, да остане и да го доработи договорот или да остане и да потпише нов договор.