четврток, 31 октомври 2024

Москва: Украина е очигледно нервозна штом бара проектили „томахавк“ од Америка

Кремљ соопшти дека украинското раководство е очигледно нервозно поради руското напредување на фронтот ако бара од Соединетите Американски Држави проектили со долг дострел „томахавк“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Њујорк тајмс објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од Вашингтон проектили „томахавк“, кои имаат дострел до 2.500 километри, значително повеќе од кој било проектил во моментов во рацете на Киев.

Зеленски во вчерашното обраќање силно сугерираше дека Киев го побарал тоа.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им кажа на новинарите дека трендот на фронтот, на кој Русија во последните три месеци напредува најбрзо во две години, е јасен. „Во контекст на таа динамика, киевскиот режим почнува да покажува значителна нервоза“, кажа песков.

Њујорк тајмс објави дека Зеленски побарал од Вашингтон проектилите „томахавк“ да му бидат дадени во рамки на „планот за победа“ кој го претстави овој месец, а некои делови од тој план беа тајни.

Песков кажа дека украинските планови, тајни или не, „ќе се сведат на тоа Киев сосема да ги вовлече западните земји во војната до грло што е можно побрзо и да ја легитимираат“.

„Сите трикови го имаат тоа како крајна цел. Ние така гледаме на тоа“, кажа Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ