Како што информира МОН, делегацијата претставува правен секретаријат на Комитетот на министри на Советот на Европа и има клучна улога во надзорот над извршувањето на пресудите на ЕСЧП.
„ На средбата беше отворен конструктивен дијалог за активностите кои Македонија ги презема во насока на подобрување на инклузивноста на образовниот систем. Се дискутираше за предложените измени на Законот за основното образование и дополнителни активности предвидени во планот за спречување и превенирање дискриминација и физичко одделување, со посебен акцент на заштитата на децата Роми во основните училишта“, информира Министерството за образование и наука.
МОН во соопштението додава дека средбата е „значаен чекор во процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските кои произлегуваат од пресудите на ЕСЧП, со цел унапредување на еднаквоста и инклузијата во образованието“.