среда, 23 октомври 2024
Потрага со позитивен исход

Момче пријавено за исчезнато по три месеци најдено живо во Дебар

Момче на возраст од 25 години, кое било пријавено за исчезнато на четврти септември, вчера било пронајдено живо и здраво во Дебар. Како што информираат од СВР Охрид, момчето е по потекло од селото Требиште, Општина Маврово Ростуше.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 13.00 часот, при контрола во возило опел со скопски регистарски ознаки, извршена на улицата 8 Септември во Дебар, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Дебар го пронајдоа И.Ј.(25) од селото Требиште, Општина Маврово Ростуше, кој беше пријавен за исчезнат на 4-ти септември.

Додаваат дека автомобилот во кој било пронајдено лицето не бил пријавен за исчезнат.

„Имавме претходни сознанија за евентуално движење на исчезнатото лице, според тие сознанија и беше пронајдено во тек на вчерашниот ден. Момчето е во добра состојба, нема никакви проблеми, но се уште немаме информација каде било во времето додека се водеше за исчезнато“, информира Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ