понеделник, 25 ноември 2024

Молдавија: Маж украл пиштол од полицаец на аеродромот во Кишињев и убил две лица

Објавено на

часот

Сподели

Две лица загинаа на аеродромот во Кишињев, главниот град на Молдавија.

Како што објави молдавската државна новинска агенција Молдпрес, тие биле застрелани од странски државјанин кому му бил забранет влез во Молдавија, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.

Припадниците на специјалната полициска бригада Фулгер интервенирале на лице место и го совладале напаѓачот. Тој бил ранет и добил лекарска помош.

Според портпаролот на молдавската влада, Данијел Вода, за време на спроведувањето на странскиот државјанин на кој му е забранет влез во земјата, тој украл пиштол од еден од полицајците и застрелал две лица.

„Напаѓачот беше неутрализиран и уапсен од специјалците. Сите летови беа одложени, а аеродромот беше евакуиран“, изјави Вода.

Според Молдпрес, по инцидентот, летовите продолжиле редовно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ