петок, 18 октомври 2024

Моќна партија на Алкараз, Шпанецот обезбеди медал на Олимписките игри

Карлос Алкараз загуби само два гема во полуфиналето против Оже-Алиасим и се пласира во финалето на својот прв настап на едни Олимписки игри.

Објавено на

часот

Сподели

Шпанскиот тенисер беше голем фаворит денеска, но ги надмина и сите очекувања откако на Канаѓанецот му дозволи да освои само два гема.

Беа тоа идентични сетови, Алкараз и двата ги доби со 6-1 и 6-1 и обезбеди медал за Шпанија, само нејасно е дали тој ќе биде златен или сребрен.

Во финалето Алкараз го чека победникот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети, меч кој се игра од 19 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ