петок, 18 октомври 2024

Мојсовска не обезбеди финале во Париз, но се прикажа во солидно светло

Македонската натпреварувачка во спортско стрелаштво, Анастасија Мојсовска заврши на 31. место во квалификациите во дисциплината воздушна пушка од 10 метри

Објавено на

часот

Сподели

Анастасија Мојсовска e втората македонска спортистка која настапи на Летните олимписки игри во Париз.

Таа денеска се појави во квалификациите во дисциплината воздушна пушка од 10 метри и се прикажа во солидно светло.

Анастастија Мојсовска постигна резултат од 625,3 кругови, што беше доволно за 31. место од 43 натпреварувачки.

Најдобар резултат во квалификациите имаше Хуоџин Бан од Јужна Кореја (634,5), по што следуваа Џанет Дуештад од Норвешка (633,2) и Одри Гоњат од Швајцарија (632.6).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ