вторник, 26 ноември 2024
Парламентарни избори 2024

Мојсоска: Усеини уништува антифашистичко наследство, а СДС и ДПМНЕ молчат

Овој културен објект беше уништен од страна на локалниот шериф, Нефи Усеини. Плочата на АСНОМ каде пишува за осудените антифашисти од страна на бугарскиот окупатор, беше тргната пред еден месец. Од градоначалникот Пецаков нема никаква реакција додека се уништува антифашистичкото наследство од страна на поранешниот функционер на ДУИ, изјави Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица пред познатата Бела куќа на улица „Димитар Влахов” бр. 9 во Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Мојсоска се наврати кон 2019 година кога беа силни обвинувањата на ВМРО – ДПМНЕ кон Усеини. Според Мојсоска, наспроти тоа, се испоставува дека коалицијата ДПМНЕ – ДУИ сега е уште посилна, благодарение на заедничките бизнис–интереси.

„Ќе потсетам дека во 2019 година, токму ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека Усеини го тероризира Охрид. За жал, Охрид го губи својот автентичен изглед, иако за овој објект има решение за уривање. Институциите молчат, молчи и Министерството за култура кое е раководено од социјал-демократите”, додава Мојсоска која е носителот на листата за ИЕ5.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ