петок, 1 ноември 2024
Прес-коференција на Левица

Mojсоска: Никој не може да го спречи Усени од ДУИ да ја уништи историската куќа во Охрид

„Од историската куќа во Охрид, каде Нефи Усеини ја гради својата дивоградба, насилнички ја тргна антифашистичката табла за осудените борци на НОБ. Веќе трет ден Кирил Пецаков – градоначалник на Општина Охрид молчи за отстранетата плоча која се однесува на бугарскиот фашистички окупатор. Пецаков молчи со месеци пред дивеењето на Нефи, кој го уништи ликот на оваа куќа од историско значење. Вака ли ДПМНЕ ја штити антифашистичката историја на македонскиот народ?“, рече Јована Мојсоска, член на раководството на Левица.

Објавено на

часот

Сподели

Таа нагласи дека потсетува на повеќе факти:

„Националната установа Завод и Музеј нема дадено позитивно мислење за терасите и доградбите кои се дивоградби;

Општината нема дадено решение;

Градежниот инспектор во август донел решение за отстранување на доградбите, а инвеститорот Нефи ја отстранил жолтата лента и продолжил со градбата;

ОЈО отворило истражна постапка, но уште нема во јавност информација дали е поднесен обвинителен акт за бесправно градење?!

Осум месеци ниту МВР, ниту ОЈО, ниту Пецаков, ниту Министерство за култура не може да го спречи Нефи Усеини од ДУИ во уништувањето на еден историски споменик од антифашистичката борба! Додека беседат за европска иднина и колку се посветени на патот за ЕУ, буквално една тераса не можат да рушат.

Нели Пецаков ветуваше дека ќе стави крај на дивеењето на познатиот локален шериф? Прашањето е едноставно: за колку пари е купен молкот?“, рече Мојсоска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ