недела, 27 октомври 2024

МНР ќе одлучува дали рускиот министер Лавров ќе дојде во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

На денешната Владина седница е донесено дополнување на Одлуката за воведување рестриктивни мерки во поглед на активностите на Руската Федерација со која се ограничува пристапот на рускиот авион, а согласно со Регулативата на Советот на ЕУ од Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со која Македонија е целосно усогласена.

Како што наведуваат од МНР, дополнувањето е согласно регулативата на ЕУ и одредбите во самите рестриктивни мерки со кои за меѓународните конференции како што е ОБСЕ се предвидени исклучоци за предметните рестрикции.    

Руски медиуми пред неколку дена пренесоа дека Русија побарала од Македонија, која претседава со ОБСЕ оваа година, да издаде визи за нејзината делегација за министерскиот состанок од 30 ноември до 1 декември. Русија, според руските медиуми, бара визи за 85 членови на руската делегација за учество на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Во делегацијата ќе бидат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, неговиот лекар, техничкиот персонал, обезбедувањето, 17 дипломати, меѓу кои и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, и 24 новинари, наведуваат руски медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ