вторник, 22 октомври 2024

Младите на Европскиот сојуз за промени: „Али Ахмети Соравиа“ е името на корупцијата во Македонија

Младите од коалицијата Европски сојуз за промени денеска пред трговскиот центар Соравија во Скопје на мирен протест симболично оставија играчки, мечиња и облека, кои, како што велат, припаѓаат на семејствата кои во меѓувреме ја напуштиле земјата поради корупцијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска по повод Меѓународниот ден на борбата против корупцијата ние, младите од Европскиот сојуз за промени, сме тука пред трговскиот центар Соравија, кој веќе е познат како трговскиот центар Али Ахмети, симболично преку оваа акција и блокирање на овој пат, да го привлечеме вниманието на јавноста и да изјавиме дека корупцијата има свое лично име“, изјави Бехар Емини од Алтернатива.

Според нив, „Али Ахмети Соравија“ е само симболичното име на корупцијата во Македонија, а тој и неговите соработници, како што изјавија, се тие кои со својата корупција, присвојувајќи незаконски милиони евра од граѓаните, станале вистинските причинители на масовното иселување на нашите граѓани од земјата. 

„Затоа, ние денеска симболично донесовме предмети од семејствата кои во меѓувреме ја напуштија земјата. Секое семејство што избегало поради овие корумпирани политичари оставило зад себе ранци, учебници, тетратки и детски играчки, барајќи подобар живот за своите деца. Денеска овие предмети му ги оставаме на сопственикот на Соравиа, за да ги има како спомен од сите тие семејства што тој и неговите соработници ги избркаа од своите домови“, вели Емини.

Тој рече дека 8 мај 2024 година е последниот момент кога, како што изјавија „ќе го зацртаме нашиот европски пат, не со бегство во Европа, туку со донесување на Европа во нашата земја“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ