петок, 18 октомври 2024

Младинците со тежок пораз од Шпанија го почнаа Европското првенство

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години забележа убедлив пораз од Шпанија на стартот од Европското младинско првенство кое се одржува во Полска, загубивме со 55 поени разлика, беше 93-38 за Шпанците.

Објавено на

часот

Сподели

Шпанија е еден од најсилните тимови на континентот, поразот беше неминовен, но прелесно бевме прегазени. Во еден момент противникот имаше серија и од 22-0.

Во првите две четвртини од натпреварот бевме едноцифрени, во првата постигнавме девет поени, а во втората само четири. Во вториот дел од полувремето бевме порамноправни, особено во последниот период кој им припадна на Шпанците со 18-14. Но, тоа се должеше на веќе обезбедената нивна победа, па ја тргнаа педалата од гас.

Најефикасен во македонската репрезентација беше Бошалески со седум поени, по шест постигнаа Шошкиќ, Јовановиќ и Луканоски.

Утре од 20:30 часот го играме вториот меч на Европското првенство, противник ни е Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ