петок, 18 октомври 2024

Министерството за животна средина почна да ги спроведува законите за управување со отпад

Објавено на

часот

Сподели

Шефот за соработка во Делегацијата на ЕУ Стефан Худолин истакна дека на земјава ќе и се помогне со еден милион евра за поголема подготвеност во делот на законодавството и хармонизација на законите за отпад и рециклажа. Худолин посочи дека ЕУ во минатото, заедно со земјите членки, мобилизирале значајни фондови за животната средина и за отпадот, но, како што посочи, има заостанување кога станува збор за имплементацијата и упати повик до институциите за што побрзо спроведување на овој проект на терен.

„Ова е за зголемување на одговорноста на производителите и справување со отпадот од каде што се произведува, но пред се успешноста во справувањето со отпад во оваа земја зависи од имплементацијата на законите и како тоа ќе се проследи од страна на надлежните“, рече Худолин.

Министерката за животна средина Каја Шукова, во изјава за медиумите, истакна дека продолжувањето на хармонизацијата на домашното законодавство со она од Европската унија со помош на средства од ЕУ, е значително за земјава.

„Тоа што е битно е дека го дохармонизираме законодавството во делот на проширената одговорност каде што имаме сериозни партнери кои треба сериозно да работат во делот на намалување на количините на отпад коишто финално ги депонираме и се согласно принципите на циркуларната економија“, истакна Шукова.

Во однос на информациите што се појавија во медиумите дека се гради пристаниште на албанската страна на Охридското Езеро, министерката Шукова рече дека не станува збор за такво нешто, туку се работи на расчистување на теренот. Според Шукова, нема реакција од УНЕСКО дека воопшто се гради таков објект.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ